Ирвинг организира состанок: Околу 150 кошаркари не сакаат рестарт на НБА-лигата!

Американските медиуми пишуваат дека околу 150 НБА-кошаркари не сакаат да се продолжи сезоната 2019/20, а наскоро ќе се одржи и состанок меѓу нив.

НБА-лигата, која е прекината од 11 март поради коронавирусот, се очекува да продолжи на 30јули во Орландо.

Постои голем број кошаркари кои сметаат дека играњето не е возможно и поради протестите ширум САД, како и поради коронавирусот.

Ѕвездата на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг ќе организира состанок за кошаркарите, на кој ќе се разговара за ова прашање.