Храбар потег: Кошаркарите на Мајами резервираа авио-билети за Денвер!

Во Мајами Хит се уверени дека ноќеска ќе го добијат дуелот со Бостон и ќе се пласираат во големото НБА финале.

Мајами пропушти две шанси на домашен терен да го совлада Бостон и да се пласира во финалето. Имаа водство од 3-0, а сега е 3-3.

Предноста на домашен терен во мајсторката ја има Бостон, но во Мајами се уверени дека ќе победат, па резервирале билети за Денвер. 

Планот е да не се враќаат дома, туку директно да летаат за Денвер.