Гасол се враќа дома - ќе го носи дресот на Барселона!?

Шпанските медиуми пишуваат дека легендарниот кошаркар Пау Гасол е во сериозни преговори со Барселона и договор меѓу двете страни е многу блиску.

Гасол има намера да одигра барем уште една сезона во својата кариера, откако оздраве од повредата на стапалото.

Шпанецот од ноември минатата година е без клуб, откако беше отпуштен од Портланд трејл блејзерс, а не играше ниту премногу во 2019 година.

Гасол во минатото играше три години за Барселона, во период од 1998 до 2001 година, а притоа освои две титули.