Ентони Дејвис со 55 поени го предводеше Лејкерс до триумф во Вашингтон (ВИДЕО)

Брилијантна партија на Ентони Дејвис на гостувањето на Лејкерс кај Вашингтон , езерџиите го добија натпреварот со 130-119 и го запишаа третиот триумф по ред.

По лошиот старт на сезоната, Лејкерс влезе во одлична форма и реди победи. Синоќа го забележа десеттиот триумф оваа сезона откако победи на гостувањето кај Вашингтон.
 
Ѕвезда на вечерта беше Ентони Дејвис кој имаше 55 поени и 17 скокови, запиша и три блокади. Добра партија имаше и Леброн Џејмс кој беше втор стрелец со 29 поени. Во составот на Вашингтон, Порзингис постигна 27 поени.
 

Резултати:
 
Њу Орлеанс - Денвер 121:106
Сан Антонио - Феникс 95:133
Бруклин - Бостон 92:103
Детроит - Мемфис 112:122
Њујорк - Кливленд 92:81
Сакраменто - Чикаго 110:101
Вашингтон - ЛА Лејкерс 119:130
Портланд - Индијана 116:100