
Ембид и Макси го срушија Торонто, бадијала 51 поен за Левин кога Чикаго загуби (ВИДЕО)
Репторс беа подобри во првото полувреме, водеа и со девет поени разлика (36-27), но во тој период се разигра Тајрис Макси кој само во втората четвртина постигна 14 поени и ја донесе Филаделфија речиси на егал на полувреме (56-59). Во вториот дел, Сиксерс ја презедоа контролата над резултатот, па достигнаа максимална предност и од 14 разлика (95-81).
Домаќините немаа одговор за Макси и Ембид кои постигнаа по 34 поени со тоа што МВП од минатата сезона додаде уште 9 скока и 8 асистенции. Кај Торонто, Скоти Барнс запиша 24 поени, а Гери Трент дојде до 17.
Зек Лавин постигна рекорд на кариерата кога неговиот Чикаго Булс загуби од Детроит со 102-118. Лавин постигна 51 поен со шут од игра 19/33 и 7 тројки од 13 обиди, но немаше соодветна помош од соиграчите, а и тој не успеа да ги разигра бидејќи не оствари ниедна асистенции. Со оглед на тоа што тој постигна безмалку половина поени на Булс, останатите двајца двоцифрени во тимот беа само уште Демар Дерозан со 20 и Никола Вучевиќ со 12. Кај Детроит, доминираше Кејд Канингем со 24 поени и 10 асистенции.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит - Чикаго 118-102
Њу Орлеанс - Њујорк 96-87
Вашингтон - Мемфис 113-106
Кливленд - Индијана 113-125
Торонто - Филаделфија 107-114
Минесота - Мајами 106-90
Феникс - Јута 126-104