
По дебаклот на Интер, само две екипи останаа во игра за тројна круна
„Нераѕурите“ се лидери во Серија А и ќе играат во полуфиналето од Лигата на шампионите, каде противник им е Барселона. Од можна тројна круна, не е исклучено Интер да остане и без трофеј бидејќи во домашното првенство е израмнет со Наполи на шест кола пред крајот на сезоната.
Во конкуренција за тројна круна сега остануваат само две екипи - ПСЖ и Барселона. Францускиот тим веќе ја освои титулата во домашното првенство, во финалето од Купот на Франција е голем фаворит против Ремс, додека во полуфиналето од Лигата на шампионите ќе се сретне со Арсенал.
Барселона уште ништо не освоила, в сабота се среќава со Реал во финалето од Копа дел Реј, лидер е на табелата во Ла Лига со четири бода предност пред истиот ривал, а во полуфиналето од Лигата на шампионите ќе игра против Интер.