
УЕФА планира нови измени во Лигата на шампионите од идната сезона
Како што пишува Билд, првото ќе се однесува на предноста на домашен терен во возвратните натпревари од нокаут фазата за екипите кои во лигашкиот дел ќе бидат подобро пласирани. Во теорија, тоа би значело дека екипите кои ќе завршат на првите две места, до финалето ќе имаат предност на домашен терен.
Второто правило е можеби најинтересно. УЕФА сака да ги исфрли продолженијата и во случај на нерешен резултат од два меча, по 90 минути веднаш да се шутираат пенали.
Третото правило е, всушност, враќање на едно кое важеше во стариот систем, а тоа е, две екипи од иста држава да не можат да се сретнат пред четвртфиналето. Оваа сезона, на пример, во осминафиналето меѓу себе играа Реал и Атлетико Мадрид.