Бостон и Кливленд максимално го искористија домашниот терен, Хјустон израмни (ВИДЕО)

Екипите на Бостон и Кливленд водат со 2-0 по воведните два натпревара од своите плејоф серии против Орландо, односно Мајами.

Бостон славеше во дуелот со Орландо со 109-100 и е на половина пат од пласман во следната рунда. Актуелниот шампион беше во водство цел натпревар и не дозволи гостинскиот тим во ниеден момент да ја загрози победата. Џејлен Браун беше најдобар играч со постигнати 36 поени и 10 скока, додека Паоло Банкеро го предводеше Орландо со 32 поена, 9 скока и 7 асистенции.

Кливленд ја заврши својата работа во втората четвртина која ја доби со 43-27 за на крајот да триумфира со 121-112 против Мајами. Донован Мичел блескаше со 30 поени, додека Тајлер Хиро беше најефикасен во поразениот тим и воопшто на мечот со 33 поени.

Хјустон го победи Голден Стејт со 109-94 и израмни на 1-1. Домаќините многу рано, уште во втората четвртина направија висока предност со 20 поени разлика која потоа успеаја да ја задржат без поголеми проблеми. Грин одигра одличен натпревар, постигнувајќи 38 поени, а Шенѓун оствари дабл дабл со 17 поени и 16 скока, додека Кари беше најефикасен кај Вориорс со 20 поени.

РЕЗУЛТАТИ
Бостон - Орландо 109-100 (2-0)
Кливленд - Мајами 121-112 (2-0)
Хјустон - Голден Стејт 109-94 (1-1)

фото: EPA PHOTO