
Скандал во Мадрид: Глумеше дека му подарува рекет на дете – публиката го исвирка (ВИДЕО)
По низа спорни потези и избувливи реакции, 26-годишниот тенисер ја разлути присутната публика со навредлив гест – се преправаше дека сака да подари скршен рекет на дете во публиката. Мечот против неговиот сонародник Харолд Мајо заврши со пораз 3-6, 2-4, откако реши да се повлече од теренот поради наводна повреда на грбот. Но, токму начинот на кој го напушти теренот го привлече најмногу вниманието – тој го докрши својот скршен рекет и саркастично се обиде да го подари на дете, што публиката го протолкува како провокација и потсмев.
Публиката реагираше бурно со свирежи, а вториот обид на Муте да го даде рекетот при излегувањето од теренот исто така беше одбиен – никој не сакаше да го прими подарокот. Иако на крајот се поздрави со противникот и судијата, тој гест не ја ублажи негативната перцепција. Инцидентот започна по спорна одлука на судијата Мохамед Лајајани, кога Муте, видно револтиран, го скрши својот рекет, по што му беше доделен гемот на Мајо. Веднаш потоа, францускиот тенисер реши да се повлече од мечот.
Овој настан е само уште една дамка во контроверзната кариера на Муте, кој и претходно бил казнуван – на Австралија опен заработи парична казна од 12.000 фунти поради навреди на адреса на судиите, обвинувајќи ги дека „секоја вечер пијат до несвест“. Муте моментално се наоѓа на 82. место на АТП листата, но по овој инцидент се очекува можно дополнително санкционирање од страна на АТП, кој сè уште не се произнел официјално.
Во сенка на скандалот, 22-годишниот Мајо дојде до својата прва победа на Мастерс 1000 турнир и во второто коло ќе се соочи со Аргентинецот Франциско Серундоло.