Почина физиотерапевтот на Лече, одложен е дуелот против Аталанта!

Натпреварот меѓу Лече и Аталанта е одложен поради тоа што почина физиотерапевтот Грацијано Фиорита.

Лече соопшти дека Грацијано починал за време на тренинг-кампот и сите во екипата се во шок поради што дуелот меѓу двете екипи нема да се одигра.

Лече се наоѓа на 17. место во Серија А со 26 бодови, додека Аталанта е на третата позиција со 64 поени.

Фото: EPA PHOTO