
Њукасл потврди: Еди Хау е здрав и повторно е на работа!
Еди Хау имаше пневмонија поради која подолго време беше во болница, Њукасл без него беше на три натпревари.
Болеста е минато, тој се враќа на редовните обврски.
„Њукасл со големо задоволство може да потврди дека Еди Хау се врати на своите обврски во клупскиот тренинг центар. Еди во изминатиот период беше хоспитализиран со пневмонија и сега се враќа по периодот на опоравување. Им благодариме на фановите за нивните искрени желби“, се вели во соопштението.