Реал Сосиедад по шест ипол сезони го менува тренерот!

Шпанскиот тренер Иманол Алгвасил ќе го напушти Реал Сосиедад на крајот на сезоната, а информацијата ја потврди тимот од Сан Себастијан.

Алгвасил го известил раководството на шпанскиот тим за својата одлука и веќе бара нов ангажман.

На кормилото на Реал Сосиедад пристигна на крајот на 2018 година, а притоа го освои шпанскиот Куп и се избори за настап во Лигата на шампиони.

Реал Сосиедад во моментов се наоѓа на деветтото место во Ла Лига со 42 бодови.

Фото: EPA PHOTO