
Босански тенисер збесна во Мадрид – на ривалот му се закани со шлаканица (ВИДЕО)
Дуелот беше одбележан не само од борбата на теренот, туку и од инциденти и тензии кои го засенија спортскиот аспект. Џумхур и Белучи по мечот не се ракуваа, што дополнително ги засили шпекулациите за нетрпеливост меѓу нив. Во текот на вториот сет, Босанецот бурно реагираше откако судијата му го призна поенот на Белучи, иако истиот изведе сервис „од рака“ – потег што му беше забранет во претходниот дел од натпреварот. Фрустрираниот Џумхур во текот на паузата меѓу поените му се обрати на својот тренер со зборовите:
„Кога ќе заврши мечот, знаеш што прво ќе направам? Таква шлаканица ќе му удрам“, беснееше Дамир.
За среќа, заканата остана само на зборови. Џумхур во следната рунда ќе се соочи со Аргентинецот Себастиан Баез. Видеото од инцидентот може да го погледнете ТУКА.
ФОТО: EPA PHOTO