
Пеналијада во Битола: Пелистер и Вардар секои две минути шутираа по еден седмерец!
Црвено-црните ја презедоа иницијативата од самиот почеток, за што доказ е водството со 5-1, по што зелено-белите полека фатија приклучок, но во ниту еден момент не „спуштија“ под еден гол негатива. Но, главна приказна на првите 30 минути од „вечното дерби“ е критериумот на судиската двојка Начевски-Николов, односно начинот на игра во одбраната на двата тима, што резултира со – огромен број пенали. Како никогаш досега, Пелистер и Вардар во првото полувреме изведоа неверојатни 16 удари од седум метри, од кои девет беа во корист на битолчани, а останатите за црвено-црните.
Првото полувреме заврши со водство на Вардара 17-16, кој вториот дел ќе го почнат со ракометар помалку.