Охрид преку Тиквеш до четвртото место на табелата

Екипата на Охрид има голема шанса да заврши во топ-4 од македонското ракометно првенство откако во директниот дуел против Тиквеш, во Кавадарци славеше со 24-20.

Охриѓани беа во водство безмалку цел натпревар, а клучната предност ја направија во првото полувреме, со серијата од 6-0 по која поведоа со 11-4. На полувреме беше 14-6, а највисоката разлика изнесуваше девет гола (17-8). До крајот, Тиквеш успеа да намали на четири негатива, но не и да ја загрози победата на гостинскиот тим.

Теимураз Ојроникидѕе со девет гола беше најефикасен играч на натпреварот, а Гал Цирад додаде седум за Охрид. Во тимот на Тиквеш, Атанасовски заврши како прв стрелец со седум гола.