
Јокиќ остана со празни раце, Брансон ја освои наградата „Џери Вест“
Брансон беше избран за најдобар кошаркар во неизвесните завршници од натпреварите оваа сезона во најсилната кошаркарска лига.
Ѕвездата на Њујорк доби 70 од 100 први гласови откако ниту еден кошаркар не беше подобар од него во последните пет минути од последната четвртина или во продолженијата на неизвесните натпревари.
Брансон во просек во завршниците постигнуваше по 5,6 поени, а Њујорк запиша 17 победи и 11 порази.