Меси го поканил Модриќ да потпише за Интер Мајами

Интер Мајами има неколку фудбалски легенди во своите редови, а наскоро би можела да пристигне уште една, и тоа од редовите на Реал Мадрид.

Шпанските медиуми пишуваат дека аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси лично го поканил Лука Модриќ да се пресели во Мајами.

Модриќ има договор со „кралевите“ до крајот на сезоната, иако се појавија шпекулации дека соработката ќе важи до јули 2025 поради Светското клупско првенство.

Хрватот го носи дресот на шпанскиот гигант уште од 2012 година, кога пристигна од Тотнем.

Фото: EPA PHOTO