Ембид до крајот на кариерата во дресот на Филаделфија за – луда сума пари!
Тој во моментов го одработува петгодишниот договор вреден 301 милиони долари, што е еден од трите најбогати договори во историјата на кошарката, а кој му завршува во 2026 година. Според новиот, кој треба да го задржи во клубот до 2029 година, тој ќе инкасира дополнителни 193 милиони долари, тоа е максимална сума за играч на негова возраст.
Ембид минатата сезона имаше просек од 34,7 поени по натпревар, 11 скока и 5,6 асистенции, а поради проблеми со повреди одигра само 39 натпревари. Првата ѕвезда на „сиксерси' летово го освои златото на ЛОИ во Париз со американскиот Дрим Тим, а лани бешѓе прогласен за МВП на сезоната во НБА.