Дали е Барса оштетена против Сосиедад? (ФОТО)

Навивачите на Барселона грмат на социјалните мрежи откако на каталонскиот клуб му беше поништен гол во 13. минута од дуелот против Сосиедад во Сан Себастијан.

Голот го постигна Левандовски, но тој беше поништен поради наводен офсајд и тоа откако ситуацијата беше прегледана во ВАР собата.

Прашање е чија е ногата која е понапред во спорниот момент иако се чини дека физички не е можно тоа да биде на Левандовски.