Скандал во Англија: Фудбалерите на Лестер во ноќен бар го славеа отказот на тренерот (ВИДЕО)
Иако беше шампион во Премиер лигата, Лестер не светски популарен клуб, но денеска е во центарот на вниманието, не поради отказот на Купер, туку поради реакцијата на фудбалерите. Заминувањето на велшкиот стручњак бурно го прославија во ноќен клуб во Копенхаген.
Во прв план беа Јаник Вестергор, Виктор Кристијансен и Хари Винкс, а вниманието го привлече натписот „Енцо, ми недостасуваш“, посветено на поранешниот менаџер на Лестер, Енцо Мареска.
Очигледно Купер не успеал да воспостави авторитет меѓу играчите и не е чудо да бил „наместен“ од нив, како што често се случува кога фудбалерите не се задоволни од работата и односот на својот тренер. Ситуацијата предизвика скандал на Островот, навивачите на Лестер го осудија однесувањето на фудбалерите и ги нарекоа недостојни да го носат дресот на овој клуб.