БиХ посилна од сите проблеми: Муса имал опструкции од Реал, на Врабац мајка му се бори за живот...

Босанската кошаркарска репрезентација синоќа ја оствари можеби клучната победа за пласман на Европското првенство откако ја совлада Хрватска со 110-90.

Најдобриот играч во овој тим, Џанан Муса по мечот даде емотивна изјава откривајќи дел од проблемите со кои се соочувале тој и неговите соиграчи.

„Да ви откријам една вистина. Мајката на Адин Врабац во моментов е в болница, се бори за живот и јас се надевам дека ќе биде се во ред. Од овде сакам да ѝ посакам што побрзо да заздрави. И покрај тоа, Врабац дојде тука и изгина на теренот.

Колената на Кенан Камењаш се како топки, Гегиќ има проблем со петата, а и јас сум повреден. Освен тоа, од Реал ме ’советуваа’ да не играм на овој натпревар затоа што цел месец не тренирам нормално и мислеа дека ќе ја влошам ситуацијата. Те сакам, Босно“, рече Муса.

БиХ може во петтото коло да стави печат на визата за Европското првенство бидејќи игра против аутсајдерот Кипар, а Хрватска се среќава со Франција.