Најлудата клаузула во историјата на фудбалот: Нејмар во ПСЖ добивал по 200 илјади евра за - аплаудирање
Иако веќе 18 месеци не е во францускиот клуб, на површина се уште излегуваат детали од неговиот договор со „светците“ чие раководство не штедело на ништо кога станува збор за Нејмар иако тој не ги оправда очекувањата. Бразилскиот ас земал пари за секоја ситница, а една од нив е многу смешна.
„Најлудата клаузула за која сум слушнал е онаа на Нејмар во ПСЖ. На курсот за тренерот запознав еден член на стручниот штаб на ПСЖ, нема да го кажам неговото име, но ми рече дека Нејмар во договорот имал неверојатен дел. Секогаш кога по натпреварите одел да им аплаудира на навивачите, добивал бонус од 200 илјади евра“, откри поранешниот играч на Кристал Палас, Луис Бајрон.
Нејмар се пресели во ПСЖ за 222 милиона евра и неговиот трансфер се уште е најголем во историјата на фудбалот.