Димитријевиќ е убедливо најефикасен играч во квалификациите за Европското првенство

По вчерашното фантастично издание против Литванија, македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ е првиот кошаркар кој стигна до 100 поени во квалификациите за Европското првенство.

Нашиот кошаркар е убедливо прв стрелец во овој циклус со просек од 33,3 поени по натпревар и има троцифрен број поени и покрај тоа што настапи на само три меча. Торнике Шенгелија, на пример, е на бројката од 95 со четири одиграни меча. Зад Димитријевиќ е Клемен Препелиќ од Словенија со 74 поени (24,7 по натпревар), па Марио Хезоња од Хрватска со 72 (24 по натпревар) и спомнатиот Шенгелија.

Димитријевиќ е и најкорисен играч во досегашниот дел од квалификациите со просечен индекс од 30,7, пред својот соиграч од националниот тим Итан Хап кој има 30,5.