Мо Салах разочарано најави дефинитивно заминување од Ливерпул!
Сепак, зад блескавите настапи се крие незадоволство. Репрезентативецот на Египет изрази разочарување од состојбата во клубот, посочувајќи дека се уште нема понуда за продолжување на соработката, иако договорот му истекува на крајот од сезоната.
„Скоро е декември, а јас сè уште немам добиено никаква понуда да останам во клубот. Во овој момент сум поблиску до заминување отколку до останување. Години сум во клубот. Нема друг ваков клуб. Но, на крајот на денот, ништо не е во мои раце. Ги сакам навивачите и тие ме сакаат мене, но ниту јас ниту навивачите не одлучуваме“, изјави Салах.
На прашањето дали е разочаран од управата на клубот, египетската ѕвезда искрено одговори.
„Нормално дека сум разочаран. Не планирам пензија во скоро време, затоа само тренирам и играм. Фокусиран сум на сезоната, сакаме да ја освоиме Премиер лигата, а се надевам и Лигата на шампионите. Рaзoчаран сум, но ќе видиме што ќе се случи“, дополни ѕвездата на Ливерпул.
Со оглед на тоа дека преговорите сè уште не се започнати, иднината на Салах во Ливерпул е неизвесна, иако неговата лојалност и посветеност кон клубот остануваат јасни.