Сосиедад го најде лекот за Барса: Каталонската машина зариба во Баскија (ВИДЕО)

Екипата на Барселона го доживеа вториот пораз оваа сезона во Ла Лига, но првпат, сметајќи ги сите натпреварувања, не успеа да постигне гол на еден меч.

Сосиедад го најде лекот за Барса и на домашен терен го победи со 1-0. Победата на баскијците е заслужена, но натпреварот остана во сенка на поништениот гол на Левандовски во 13. минута, момент кој се покажа многу битен за конечниот исход. Во шпанските медиуми вечерва се води жестока дебата во врска со таа ситуација, а реакцијата на главниот судија во текот на натпреварот наведува на тоа дека голот е неправедно поништен.

Без разлика на тоа, Барселона го одигра својот најлош натпревар сезонава, не успеа да упати ниеден директен удар во рамките на голот на Сосиедад и по низата блескави изданија против европски гиганти, покажа низа слабости во својата игра. Една од причините за тоа лежи во неиграњето на Ламин Јамал што влијаеше на креативноста во играта на Барселона.

Моментот на одлука се случи во 33. минута кога Бекер ја искористи асистенцијата на Сучиќ и ја затресе мрежата на Пења. Пред крајот на првото и на почетокот од второто полувреме, Ојарзабал имаше уште две шанси, но не ги искористи поради што неизвесноста остана до крајот на мечот. Сепак, Барса не успеа да се избори барем за бод и останува без нерешен резултат во сите натпреварувања оваа сезона.

Поразот на Барселона во Сан Себастијан го враќа во игра Реал Мадрид кој со натпревар помалку сега е на -6 од каталонскиот гигант.