Реал Мадрид добива неочекувано засилување за дербито со Ливерпул

Шпанскиот гигант Реал Мадрид в среда ќе се соочи против Ливерпул во групната фаза од Лигата на шампиони (ЛШ), а пред дербито дозна одлична вест.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Лукас Васкез се вратил во тимот во рекорден рок, иако не се очекуваше да биде во конкуренција за дуелот против премиерлигашот.


„Кралевите“ по четири одиграни меча се наоѓаат на 18. место во елитата со шест бодови, додека Ливерпул е прв со четири победи, односно 12 освоени поени.

Дербито меѓу Ливерпул и Реал Мадрид во петтото коло од елитното натпреварување се игра в среда од 21 часот.