Италија ја шокираше Србија во квалификациите за ЕП
Италијанците не се премногу познати по играњето ракмет на високо ниво, а денеска за првпат ја победија селекцијата на Србија.
Посебно добро изгледаше Италија во првото полувреме во кое имаше целосна контрола на резултатот во поголем дел, но на крајот попуштија, па на пауза имаа само гол предност 13-14.
Во второто полувреме Србија започна да игра подобро и во еден момент дојде до највисоките „плус четири“ (18-22). Сепак, завршницата одново целосно им припадна на Италијанците кои направија пресврт и дојдоа до важна победа.
Најефикасен беше Микаел Хелмерсон со осум погодоци, додека за Србија по шест гола постигна Илиќ и Којадиновиќ.