На Атаман му се слошило, завршил в болница

Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман бил хоспитализиран по денешниот дуел против Перистери откако му се слошило непосредно по завршувањето на натпреварот.

Се уште не е познато за што точно се работи, но медиумите во Грција пишуваат дека турскиот стручњак чувствувал омалаксаност и многу кашлал. В болница бил испратен на прегледи и можно е да биде задржан таму извесен период, додека докторите не се уверат дека е во добра состојба.

Како последица на сето тоа, Атаман не присуствуваше на прес-конференцијата по натпреварот, а не даде ни изјава по завршувањето на мечот.