Лазаров: Нема простор за паника, имаме реални шанси за пласман на ЕП!
По воведните два меча, Македонија има биланс 1/1, но впечаток е дека се уште ги држи конците во своите раце кога станува збор за пласманот на континенталниот шампионат. Тоа и го истакна по натпреварот во Вилнус и потенцира дека ништо не е загубено со денешниот пораз.
„Очекував тежок натпревар и тоа се случи. Тешко се победува на гостински терен ако не сте доволно добри, денеска сите играат ракомет. Имавме и добри и лоши моменти. Бевме во игра до крај за победа, но поснаодливи на крајот беа Литванците. Нема простор за паника. Целта е Македонија да се пласира на Европското првенство. Мислам дека имаме реални шанси, останатото ќе се обидеме да го поправиме и да го корегираме. Недостасуваа браќата Костески и Јагуриноски, па имаме простор за напредок“, рече Лазаров.
Квалификациите продолжуваат во март 2025 година, а Македонија следниот меч го игра против фаворитот во групата Словенија.