Синер со лесна победа го почна завршниот турнир
На стартот, тој го победи Алекс де Минор со 2-0 (6-3, 6-4) за само 84 минути на теренот и го направи првиот чекор кон полуфиналето. Сепак, се чини дека денешниот противник му беше најлесен од сите бидејќи во неговата група се уште Данил Медведев и Тејлор Фриц.
Во првиот сет од денешниот меч се водеше поголема борба, првиот брејк го освои Де Минор во третиот гем, но Синер одговори со четири освоена гема во низа за водство од 5-2 што потоа беше крунисано со водство од 1-0 во сетови. Во вториот сеѕт имаше само еден брејк, Синер во петтиот гем ја искористи четврта брејк топка за предност од 3-2 и потоа само мирно го приведе мечот кон крајот.
Во првиот меч од оваа група, Фриц со идентичен резултат и во сетови и во гемови го победи Медведев.