Комплименти за Аморим: Јунајтед го донесе најдобриот тренер во светот

Поранешниот португалски репрезентативец Фабио Коентрао е убеден дека Манчестер Јунајтед направи одличен избор со назначувањето на Рубен Аморим за тренер, односно менџер на екипата.

Аморим во понеделникот официјално ја презеде екипата, а ќе има десетина дена да се адаптира пред дебито на клупата со оглед на тоа што во моментов во тек е репрезентативна пауза во првенствата.

„Спортинг загуби многу важна фигура, но јас сум среќен за Аморим. Манчестер Јунајтед си го обезбеди најдобриот тренер во светот во моментов. Знам дека Рубен беше максимално посветен на Спортинг до последниот ден ни го остави тимот добро подготвен, па кој и да беше назначен за негов наследник, требаше само да ја доврши работата“, смета Коентрао.

На својата нова функција, Аморим ќе дебитира на гостувањето кај Ипсвич што е можност победнички да го почне својот престој во Јунајтед.