Цела Италија му се смее на Месина: Прослави победа, па изгуби (ВИДЕО)
Еден од најинтересните моменти се случи пред крајот на основниот дел. Алба го имаше последниот напад, Спањоло ја презеде одговорноста да решава, но не беше прецизен и остана 94-94.
Еторе Месина изгледа не знаеше точно што се случува, односно мислеше дека неговиот тим има водство и дека по тој промашен шут е победник. Поради тоа тргна да се радува и веројатно подоцна сфати дека мора да игра дополнителни пет минути. Да биде иронијата поголема, Олимпија Милано загуби во продолжението. Цела Италија денеска му фаќа сеир на искусниот стручњак кого многумина го обвинуваат дека ја загубил својата магија и дека е виновен за големиот број загубени натпревари по висока предност на неговиот тим.