Дрејмонд Грин избркан по помалку од четири минути игра, Кари се расплака (ВИДЕО)

Најголемиот бунтовник во НБА, Дрејмон Грин издржа нешто помалку од четири минути на натпреварот против Орландо на Флорида.

Голден Стејт победи со 101-93 што е важен триумф во борбата за пласман во плејинот, но Грин уште еднаш покажа дека не размислува многу за својот тим. Изнервиран од една одлука, тој почна да му вика на судијата Реј Акоста кој веднаш му досуди техничка грешка. Грин не се запре тука, продолжи да се расправа поради што му беше покажан патот кон соблекувалната.

Тоа го погоди најдобриот играч на Голден Стејт, Стеф Кари кој се расплака откако Грин беше исклучен и се покри со дресот за да не му се гледаат солзите. Вориорс се на десеттата позиција на табелата во Западната конференција, но имаат само една победа повеќе од 11-пласираниот Хјустон и воопшто не им се потребни вакви авантури ако сакаат да стигнат до разигрувањето за титулата.