Доживотна суспензија за НБА кошаркар кој се обложувал на своите настапи

НБА-лигата доживотно го суспендира кошаркарот на Торонто репторс, Џонтај Портер кој се обложувал преку други лица на своите настапи во најсилната кошаркарска лига.

Истрагата покажала дека Портер ангажирал две лица на кои им открил информации за неговата здравствена состојба и помогнал да се освојат милиони евра.

„Истрагата на лигата покажа дека Портер открил доверливи информации за неговата здравствена состојба на лице кое знаел дека се обложува. Постои уште едно лице со кое е поврзан Портер и му откривал информации. Тој вложил 80.000 долари за да освои 1,1 милион“, објави новинарот Адријан Војнаровски.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ESPN (@espn)