
Дончиќ се стопил - летово ослабел 14 килограми
Поради тоа, летово даде се од себе за да ја достигне најдобрата форма, а резултатите од тоа се очигледни. Последните информации зборуваат дека од крајот на последната сезона во НБА, кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс симнал дури 14 килограми, а поголема му е мускулната маса.
Во моментов Дончиќ е на подготовки со словенечката репрезентација пред Европското првенство кое почнува на 27 август. Таму најдобро ќе се види дали намалувањето на килограмите ќе придонесе за негова подобра игра.