Дончиќ потпишува нов договор со Лејкерс - ќе заработи богатство!

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ е на чекор од потпишување нов договор со Лос Анџелес Лејкерс, вреден дури 229 милиони долари за период од четири години, пренесуваат американските медиуми.

Откако во пристигна од редовите на Далас, Дончиќ експресно се наметна како еден од лидерите на тимот на Лејкерс и сосема очекувано во раководството се задоволни од неговите настапи. 

Сепак, иако прикажуваа солидни настапи во регуларниот дел од сеозната во плеј-офот настапот го завршија во првото коло каде што ги запре Минесота со резултат 4-1 во серијата. И покрај елиминацијата, Дончиќ индивидуално имаше одлични бројки и просечно постигнуваше 30,2 поени, 7 скока и 5,8 асистенции по натпревар, поминувајќи 41,6 минути на паркетот.

Потенцијалниот договор би го задржал Дончиќ во Лос Анџелес до 2029 година и покажува дека клубот сериозно смета на него како темел на тимот во иднина.

Фото: Los Angeles Lakers/FB