
Дончиќ постигна кош од пола терен - тренерите за казна правеа склекови (ВИДЕО)
Словенечкиот ас потоа ја продолжи својата магија и на паркетот, водејќи го својот тим до победа од 108-102 во второто градско дерби во последните три дена. Дончиќ беше најдобар на теренот со 29 поени и девет асистенции, а воедно испиша историја со својата 100-та последователна тројка, станувајќи само петтиот играч во историјата на НБА со ваков подвиг.
Дополнително, тој стана вториот најбрз кошаркар во историјата на Лејкерс кој достигнал 150 поени, 50 скокови и 50 асистенции.