Дончиќ го мина Џордан, а се израмни со Меџик и Бирд (ФОТО)

Словенечкото чудо Лука Дончиќ синоќа имаше нов ѕверски настап за историја, па стана четврти кошаркар во историјата кој успеал еден меч за заврши со најмалку 30 поени, 20 скока и 10 асистенции, во триумфот на Далас против Вашингтон.

Дончиќж даде 31 поен, имаше 20 скока и 12 асистенции, а само Оскар Робертсон, Меџик Џонсон и Расел Вестбрук досега во историјата имале таков учинок, а за Словенецот ова беше 17-ти трипл-дабл со барем 30 поени и со тоа на вечната листа го надмина најголемиот – Мајкл Џордан.

Словенецот сега е на делба на шестото место со две огромни кошаркарски легенди, Лери Бирд и Меџик Џонсон, а убедливо напред е Вестбурк со 38 вакви остварувања, пред Леброн Џејмс со 32.