Далас и Дончиќ избегнаа „метла“ против Голден Стејт (ВИДЕО)

Далас славеше со 119-109 против Голден Стејт и успеа да намали на 3-1 во финалната серија во Западната конференција во рамки на НБА-лигата. 

Лука Дончиќ очекувано беше лидер на Маверикс со 30 поени и 14 асистенции, а му недостигаше уште една асистенција за да запише трипл-дабл. За Словенецот тоа беше 10-ти дабл дабл ефект на вкупно 14 одиграни натпревари во плејофот. Доријан Фини-Смит имаше 23 поени, додека Макси Клебер реализираше 18. 

Стеф Кари со 20 поени беше најдобар кај Вориорс, Џоната Куминга постигна 17. Следниот петти натпревар е во Сан Франциско за два дена.