
Бруклин имаше „бомбастичен“ драфт – избра двајца Израелци и еден Русин!
Јегор Демин, осми пик на драфтот, доаѓа од Русија, земја чие учество во војната во Украина продолжува да ја поларизира светската јавност. Тој е бек од колеџот Брингам Јанг Универзитетот, а претходно настапуваше за Реал Мадрид. Во последната сезона на колеџ имаше просек од 10,6 поени, 5,5 асистенции и 3,9 скока. Бруклин изненади и со изборот на двајца израелски кошаркари – Бен Сараф и Дени Волф, како 26. и 27. избор на драфтот. Израел е во центарот на вниманието поради војната со Иран и состојбата во Газа, па нивната појава во НБА доаѓа во исклучително чувствителен момент.
Сараф доаѓа од германскиот Улм, каде играше како комбо-бек и бележеше 12,8 поени по натпревар во Еврокупот. Волф, иако роден во САД, има израелски пасош. Тој е крилен центар и последната сезона на Универзитетот Мичиген имаше просек од 13,2 поени и речиси 10 скокови.
Пред нив, како пик број 25, беше избран Дрејк Пауел како дел од трејд-договорот со Атланта. Тој доаѓа од Универзитетот Дарам и важи за одличен шутер. „Мрежичките“ од 19. позиција го одбра и францускиот талент Нолан Траоре, кој веќе се етаблираше во ФИБА Лигата на шампионите.