Ужас во Аргентина: Млад фудбалер почина на операција

Oд Аргентина пристигнува тажна вест за смртта на 18-годишниот фудбалер Камило Нуин кој го носеше дресот на Сан Телмо.

Трагичната вест ја потврди неговиот клуб објаснувајќи дека младиот фудбалер починал во текот на операција на неговото колено, но не се открива конкретната причина.

„Со длабока тага ве известуваме за смртта на Камило Нуин, фудбалер кој настапуваше во младинските категории и резервниот тим и денеска му беше извршена операција. Клубот ќе остане затворен во текот на денешниот ден во знак на жалост .Изразуваме сочувство до неговите пријатели и соиграчи во овој момент“, објавија од клубот.

Пред Сан Телмо, Нуин беше дел и од академијата на Бока Јуниорс