
Бомба од НБА: Лејкерс го користи хаосот во Денвер за да го украде – Никола Јокиќ!?
Според информациите на реномираниот американски портал „Атлетик“, челниците на ЛА Лејкерс веќе се распрашале за ситуацијата со Јокиќ и Денвер, при што станале први фаворити за негов ангажман – доколку се отвори простор за трансфер. Сепак, постои сериозна пречка - Јокиќ треба самиот да одлучи дека е време да го напушти Денвер, а клубот треба да прифати трејд. Но, интересот од страна на Лејкерс е веќе потврден.
Според истите извори, Јокиќ оваа сезона бил фрустриран од слабата дефанзивна игра и ангажман на соиграчите, што дополнително ги подгрева шпекулациите за можно заминување. Ако се реализира евентуалниот договор, Лејкерс би формирале супер-тим составен од Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Леброн Џејмс – сценарио што би можело да биде историско, бидејќи за првпат двајца поранешни МВП играчи (Јокиќ и Леброн) би настапувале во ист состав.