Батлер со закана за Бостон: Џабе се радувате, ќе ви дојдеме и пак ќе ве победиме!

Кошаркарите на Бостон селтикс се на чекор до историјата како прв тим кој победил во серија во која ги загубил првите три меча, но дали тоа ќе се случи се прашува и тимот на Мајами хит, во чиј табор се уште владее самоувереност и покрај шокантниот пораз ноќеска со примен кош на десетинка до крајот.

Најдобриот во таборот на „жешките“ веднаш по овој натпревар испрати закана со „келтите“ дека пак ќе ги победи на нивни терен, каков што беше случајот на првите две средби од серијата.

„Изгубивме вечерва, па неважно е дали сме играле добро или лошо. Пред нас е седмиот натпревар во кој ќе влезем како тим. Да играв подобро немаше да бидеме во ваква ситуација, искрен сум, но ветувам дека ќе бидам подобар во 'мајсторката'. Ќе сториме се што треба и не ме интересира што може да се случи. Одиме во Бостон да победиме и ќе – победиме“, изјави Батлер.

Решавачката средба за тоа кој ќе му биде противник на Денвер нагетс во големото НБА-финале ќе се одигра во ножта помеѓу понеделник и вторник (2.30 часот) по македонско време.