Батлер експлодираше: Мајами го доби првиот натпревар во финалето на Истокот (ВИДЕО)

Мајами славеше на домашен паркет со 118-107 против Бостон и поведе со 1-0 во финалето на Источната конференција во рамки на НБА-лигата. 

Хит на полувремето имаа негатива од осум поени, но вториот дел го почнаа со фантастична серија од 22-2 за да направат солидна предност. Потоа беа незадржливи за ослабените гости од Бостон, кои беа без двајца стартери Маркус Смарт поради повреда на стапалото и Ал Хорфорд, кој влезе во здравствениот протокол, веројатно поради Ковид-19.

Џими Батлер ги предводеше домашните кошаркари со 41 поен. Кај Бостон, Џејсон Тејтум постигна 29 поени, а Џејлен Браун имаше 24 поени и 10 скока. 

Следниот втор натпревар повторно се игра во Мајами.