
Баркли удри по соиграчите на Јокиќ: И вие ја добивате проклетата плата
Србинот ноќеска постигна 44 поени и 15 скока, но тие не беа доволни за триумф на Денвер кој сега има негатива од 2-3 во серијата со Оклахома. Не стигна очекуваната помош од Мареј и Портер и тоа се одрази на конечниот резултат што не му се допадна на Баркли.
„Овој човек (Јокиќ) има поголема одговорност од кого било друг во НБА, а тоа не е фер. Мораме да ги повикаме Мареј и Портер, тие треба да му помогнат на Јокиќ. Не е задача на Јокиќ да ги остави свежи, туку нивна задача е да играат подобро бидејќи и тие ја примаат проклетата плата. Мареј не е повреден и мора да игра подобро бидејќи е втор играч во тимот“, рече Баркли.
Сепак, тој не е целосно во право бидејќи од вкупно пет натпревари против Оклахома, Јокиќ беше на своето ниво на само два, а Денвер победи на првиот од нив. И самиот српски кошаркар беше исклучително самокритичен поради своите настапи, особено на претходниот дуел кога 15 минути чекаше на својот прв кош, а имаше и осум загубени топки.