Трагедија во Москва: Се самоуби летонски репрезентативец поради неговата сопруга

Летонскиот кошаркар и поранешен репрезентативец на оваа земја, Јанис Тима е пронајден мртов на влезот на една резиденцијална зграда во Москва, соопштија руските медиуми.

Неофицијални информации велат дека станува збор за самоубиство, а се поврзува со обидот на кошаркарот да се смири со својата поранешна сопруга Ана Седокова. До неговото тело имало телефон на чиј екран пишувало: Повикајте ја Ана.

Тима беше еден од најдобрите европски кошаркари во својата генерација, во 2015 година, како член на ВЕФ Рига беше прогласен за најдобар млад играч во ВТБ лигата, подоцна играше за Зенит, Басконија, Олимпијакос, Химки, Уникс, Дарушафака и Обрадоиро, но најдалеку што стигна во САД беше филијалата на Орландо Меџик, Лејкленд. Во 2013 година беше избран како 60. пик на драфтот од Мемфис Гризлис кој подоцна му ги пренесе правата за него на Орландо.

Со репрезентацијата на Летонија играше на европските првенства во 2015 и 2017 година, како и на квалификациите за Олимписките игри во 2016.