Се комплетира друштвото: И Нејмар потврдил дека оди во Интер Мајами

Некогашниот бразилски вундеркинг Нејмар ги известил своите соиграли во Ал Хилал дека кариерата ќе ја продолжи во Интер каде ќе се пресели по завршувањето на оваа сезона.

Тогаш истекува неговиот договор со клубот од Саудиска Арабија и ќе биде слободен да замине во САД каде се голем дел од неговите поранешни соиграчи од Барселона. Во Интер Мајами во моментов играат Лионел Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба, а од неодамна тренер е уште еден некогашен фудбалер на каталонскиот клуб Хавиер Маскерано.

Деновиве Нејмар се вратил на тренинзите на својот тим со кого ќе се обиде да ја одбрнаи титулата во саудиското првенство, а потоа ќе го фати патот за САД и можно е дури и да настапи на Светското клупско првенство претстојното лето.