Скандал во Челси: Мудрик позитивен на допинг тест

Одличните резултати на Челси во последно време неочекувано паднаа во втор план откако денеска украинските медиуми објавија дека репрезентативецот на оваа земја Михајло Мудрик бил позитивен на допинг тест.

Според информациите, тој имал позитивен А-тест на примерок даден во октомври, а наскоро треба да направи и Б-тест по што ќе биде утврдена евентуалната вина. Последен пат Мудрик играше за Челси на 10 ноември, а потоа или остануваше на клупата за резервни играчи или од клубот излегуваа информации дека е болен.

Украинецот дојде во Челси во јануари 2023 година од Шахтјхор за 70 милиони евра, а за својата репрезентација има 28 настапи и три гола.