Легендата се враќа на клупата на Спарс - само шест недели по мозочниот удар!

Лоши вести пристигнаа кон средината на ноември кога беше откриено дека легендарниот тренер Грег Поповиќ доживеал мозочен удар, но сега, шест недели закрепнување, тој објави официјално соопштение во кое најави дека наскоро ќе се врати на тренерската клупа.

Тој во изминатиот период не го водеше својот тим на натпреварите, а како што истакна искусниот стратег, тој период е сега зад него и се фокусира на својот камбек.

„Изминатите шест недели беа навистина неочекувани за моето семејство и мене. Додека работиме на моето закрепнување, сакам да издвојам момент и да споделам дека поддршката која ја добивме беше огромна и неверојатна. Иако би сакал да им се обратам на сите индивидуално, дозволете ми засега да кажам дека моето семејство и јас сме засекогаш благодарни. Благодарни сме на нашата прекрасна заедница, организацијата на Спарс, како и на нашите семејства и пријатели“, изјави легендата.

Тој додаде и дека е полн со ентузијазам за враќањето:

„Никој не е повозбуден од мене што се враќам на клупата, освен талентираните луѓе кои работеа на мојот процес на рехабилитација. Брзо сфатија дека сум малку потешко 'трениран'“, дополни Поповиќ.