
Фудбалер на Борусија Дортмунд колабирал на полувремето против Барселона
Имено, фудбалерот Јулијан Ријерсон се сруши на паузата помеѓу полувремињата во тунелот на „Сигнал Идуна Парк“.
Норвешкиот фудбалер беше заменет на полувремето и се претпоставуваше дека станува за некаква повреда. Исто така тој не беше во комбинација и за настап против Хофенхајм во Бундеслигата.
Борусија го испратила на испитувања, но засега не се познато што предизвикало фудбалерот да изгуби свест.